Таму во вториот круг одат кандидатот на ДУИ, актуелната градоначалничка Теута Арифи и лидерот на Беса Билал Касами. Ова не било ништо невообичаено ако не се знае дека и ДУИ и Беса се коалициски партнери во владата.

Претседателот на БЕСА и кандидат на партијата за градоначалник во Тетово, Билал Касами, јасно порача дека очекува од СДСМ да го поддржат во Тетово. Зоран Заев и СДСМ се ставено во небрано – да се поддржи ДУИ или Беса?! Заев умешно избегнува да даде одговор кого ќе поддржат во вториот круг.

Вчера политичкиот аналитичар Владимир Божиновски изјави дека е убеден дека Заев директно нема да ги повика граѓаните да поддржат ниту еден кандидат туку ќе им остави на сопствен избор.

Ако рече гласајте за кого сакате Билал Касами губи бидејќи ќе ги имаат и гласовите од ДПА кои не се малку. Единствена шанса Касами да стане градоначалник е договор со Алијанса и ВМРО-ДПМНЕ. Бројот на гласови на советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ покажува со колку гласови располага опозицијата во Тетово, плус оние на Интегра-анализира Божиновски за „Република“.

Се поставува прашањето дали евентуално неподдржување на ДУИ во Тетово, ќе значи и не поддржување на Петре Шилегов во Сарај? Ќе излезат ли гласачите на ДУИ во Сарај на гласање во втор круг, со оглед дека избраа свој градоначалник во првиот круг, само за да му дадат поддршка на Шилегов, без притоа СДСМ да и помогне на ДУИ да го добие Тетово?