Шекеринска и министрите за одбрана на сојузниците на сесиите на Северноатлантскиот совет ќе донесат одлуки кои ќе ја зацврстат безбедноста на Алијансата и колективната одбрана, а ќе разговараат и на повеќе теми, меѓу кои и геостратешките предизвици за Алијансата, состојбата во Авганистан и соработката со ЕУ и партнерите со кои Алијансата и земјите членки споделуваат заеднички вредности, соопшти МО.

Во Брисел, Шекеринска ќе има средба и со директорот на Европската служба за надворешно дејствување, Стефано Санино.

Делегација од Министерството за одбрана, во седиштето на НАТО ќе се сретне и со претставници од НАТО – агенциите за набавки, каде ќе стане збор за воспоставување на директна, постојана и ефикасна комуникација на Центарот за поддршка на компании во Министерството и двете НАТО – агенции со цел поголема ефикасност во поддршката на домашните компании за учество во НАТО – набавките.