Ричардсон беше позитивна на американските квалификации кои се одржаа минатиот месец и на кои спринтерката победи на трката на 100 метри со време од 10.86 секунди.

– Правилата се јасни, но ова е потресно. Се надеваме дека нејзиното прифаќање на одговорноста и извинувањето ќе биде важен пример , изјави директорот на УСАДА, Тревис Тајгарт.

Суспензијата од 30 дена тече од времето на тестирање, а тоа би можело да и овозможи на Шакари Ричардсон евентуално да настапи на штафетната трка 4х100метри која треба да се одржи во последните денови од Олимписките игри во Токио (23. јули – 8. август).
Таа во април годинава го истрча шестото најдобро време во историјата кога на митингот во Флорида делницата од 100 метри ја истрча за 10.72 секунди.