Македонската информативна агенција ги соопшти имињата на носители на листи на СДСМ. Имињата горе/долу беа познати, но можеби и не беше така јасно за втората, петтата и шестата изборна единица. Патем, најголемото изненадување е камбекот на поранешниот министер за здравство Венко Филипче.
На денешната седница освен носителите на листи се презентира и програмата за парламентарните избори на 8 мај.
Еве ги имињата
Носител на листата во првата изборна единица е Димитар Ковачевски, а коносител е Моника Зајкова од коалициониот партнер, ЛДП.
Носител во втората изборна единица прв е поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, а коносител е Фатмир Битиќи.
Носител во третата изборна единица е Сања Лукаревска од УЈП, а како заменик е актуелниот министер за земјоделство Љупчо Николовски.
Носител во четвртата изборна единица е поранешниот министер за здравство Венко Филипче, а го заменува Јована Тренчевска.
Актуелниот преседател на Собранието Јован Митрески е носител во петката, а заменик е Бисера Костадиновска.
Во шестата изборна единица ностител на листата е Славјанка Петровска, а како заменик следува Агрон Демири.
„Најдобра кадровска понуда“
Конгресот започнува вечерва од 18 часот и тогаш овие имиња ќе бидат и официјално познати.
Потпретседателот на СДСМ, Сања Лукаревска, изјави дека при креирањето на листите се внимавало на секој сегмент и дека СДСМ има најдобра кадровска понуда.
Дали партијата конечно ќе се обедини?
Факт е дека СДСМ е многу разединета. Повеќе за внатрепартискиот раскол, актуелните случки со Максим Димитриевски, Петре Шилегов, но и поранешните функционери како Весна Бендевска може да прочитате во продолжение:
Пендаровски како претседателски кандидат
Претходно, партијата одлучи дека на претседателските избори повторно ќе настапи со актуелниот претседател на државата, Стево Пендаровски.