Најмалку 155 деца загинаа при земјотресот минатата недела во југоисточен Авгани стан, соопштија Обединетите Нации.

Организацијата на ОН за хуманитарни прашања информираше за 250 деца повредени за време на земјотресот во планинските села во провинциите Пактика и Хост, кај границата со Пакистан.

Најмногу загинати деца има во тешко погодениот Гајан во Пактика.

Според талибанските власти во Авганистан, бројот на загинати при земјотресот е 1.150, покрај стотина лица повредени. Информациите од ОН покажуваат дека загинале 770 лица, но, постои страв од зголемување на конечниот број жртви.

Земјотресот од минатата недела, со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала, е најсмртоносен во Авганистан изминатите две децении.