Најмалку девет лица загинаа денеска во напад извршен од воздух врз телевизиска кула во областа Ривне во северна Украина, изјави локалниот гувернер Виталиј Ковал.

Како што наведе, во нападот се повредени уште девет лица.

-Се уште има луѓе под урнатините, додаде тој.