На листата на најбезбедни градови во светот магазинот го сместил главниот град на Данска кој освоил 82,5 од 100 поени.
Веднаш зад него се наоѓаат Торонто и Сингапур, пренесува „CNBC“.
Во ова четврто издание, покрај категоријата дигитална, здравствена инфраструктура, како и лична безбедност се вклучува и факторот на безбедност на животната средина кој е додаден како одговор на глобалните климатски промени.
Рангирани биле 60 градови според 76 фактори на безбедност за да се добие цела слика на урбаната безбедност.
„Пандемијата на Ковид-19 влијаеше не само на глобалната здравствена безбедност туку и на урбаната безбедност, како и на сите нејзини аспекти“, изјавил директорот на овој проект, Синг.
Листата од десет најбезбедни градови во светот е следна:
1. Копенхаген;
2. Торонто;
3. Сингапур;
4. Сиднеј;
5. Токио;
6. Амстердам;
7. Велингтон;
8. Хонгконг;
9. Мелбурн;
10. Стокхолм.
„Постои корелација меѓу позициите на државите и индексот како и нивните економии. Државите чие население има висок приход имаат развиена инфраструктура, додека пак земјите со ниски приходи заостануваат по тоа прашање“, изјавил Синг.
Синг исто така изјавил дека ова е показател кој треба да ги потсети владите на потребата од дополнителни инвестиции во мерките на безбедност, особено во политички и економски нестабилните земји.