Најголемата криптовалута во светот по пазарна капитализација се зголеми за повеќе од 2,0 проценти на 65.607,92 долари, надминувајќи го претходниот рекорд од 64.899 долари, што го постави во средината на април, пренесува CNBC.
Оптимистичките изјави на инвестицискиот ветеран и милијардер Пол Тудор Џонс го подигнаа расположението на пазарот и придонесоа за раст на вредноста на биткоинот.
„Биткоинот ќе биде одлична заштита. Криптовалутите ќе бидат одлична заштита … сосема е јасно дека тој (биткоин) во моментов води во натпреварот со злато … мислам дека и тој ќе биде добра заштита од инфлација. Во моментов преферирам пред златото“, рече Џонс.
Фјучерси за тргување со биткоин започнаа на берзата во Њујорк вчера, а главен играч беше „ProSears Bitcoin Strategy ETF“, која започна со тргување по цена од 40 американски долари по акција, под ознаката „БИТО“ и го заврши денот со раст од 5,0 проценти.