Јагленот од Косово е со калорична вредност слична на нашата но содржи голем процент на сулфур диоксид со што ќе има големо загадување. Траснпортот оттаму ќе биде логистички предивзик па би било добро да бидеме известени за планот. Јаглен сличен на нашиот има во Грција во Пролемаида- Флорин каде што резервите се 49 милиони тони годишно. Логистички мислам дека повеќе изводливо транспорт од Флорин, но ЕСМ ќе одлучат што е најдобро за граѓаните, вели за Сител енергетичарот Сања Божиновска.

Енергетичарите сметаат дека за увоз подобро е да се користи железница отколку автопат.

Според Божиновска не е само да се увезе јагленот неопходно е претходно да има анализа за загадувањето на животната средина, а особено за малигните заболувања во пелагонскиот регион во последите години. Според експертите во РЕК во моментов работи само еден блок и тоа со 20 проценти помал капацитет.

Утре ЕСМ ќе објави од каде земјава ќе купи јаглен за активирање на третиот блок во РЕК и ТЕЦ Осломеј, централите со кои државата планира да се справува со енергетската криза.