СДСМ и разгорување на проблемот со името
СДСМ свесно го разгореа проблемот со името, насочувајќи го фокусот на странците кон Гордана Силјановска- Давкова уште пред да положи заклетва за претседател. Грција беше предупредена, подготвена и само чекаше. Во текот на претседателската кампања на Стево Пендаровски и дуелите со Давкова, видливи беа подлите намери на СДСМ. Пендароски ја критикуваше Давкова дека нема да го користи уставното име и со тоа ќе создаде проблеми. СДСМ продолжуваат по истиот пат на предавства и кодошење, пат кој ги донесе до ситуацијава кај што се сега. Несомнено, тие ќе продолжат да тонат како партија, дејствувајќи против волјата на мнозинството од народот. Тие немаат друг начин да се борат против ВМРО-ДПМНЕ, а тоа да не е борба против сопствениот народ.
Петровска со критики до Давкова
Денес, Славјанка Петровска ја критикуваше Давкова, затоа што на одбележувањето на ликот и делото на словенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј во Рим, не било напишано името на државата на венецот кој го положила. Тоа било газење на идентитетот на државата, вели Петровска. Тие што целосно го демолираа идентитетот на државата во преговорите со соседите, сега си земаат за право да говорат за идентитет и негово уништување? Славјанка на местото на Давкова, на венецот би напишала цел реферат во кој 20 пати би била спомнато името СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА