Светската здравствена организација денеска ги повика богатите земји да ги преиспитаат плановите за вакцинирање деца против коронавирусот и наместо тоа да донираат вакцини за посиромашните земји преку програмата Ковакс.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на денешниот брифинг изјави дека втората година од пандемијата ќе биде посмртоносна од првата и дека посебно загружува ситуацијата во Индија.
– Ги разбирам причините зошто некои земји сакаат да вакцинираат деца и адолесценти, но ги повикувам да ја преиспитаат одлуката во овој момент и да донираат вакцини за Ковакс, нагласи Тедрос.