Светскиот советодавен комитет на СЗО за безбедност на вакцините ги проучува податоците и ги разгледува извештаите за ретки нарушувања на коагулацијата на крвта кај луѓе кои примиле инјекција, соопшти агенцијата.

Европската агенција за лекови, која треба да поднесе извештај денеска, испитува мал број извештаи за крварење, згрутчување на крвта и низок број на тромбоцити кај луѓето кои примиле вакцина АстраЗенека.