Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Д.Т.Ц. (47) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“.

На 31.08.2026 на улицата „Карпошева“ во Свети Николе, пријавената агресивно се однесувала и нападнала полициски службеник кој извршувал службени дејствија.