Полицијата презема мерки за расчистување на случајот

Возач на ЈСП Скопје вчера попладнето пријавил во полиција дека бил физички нападнат додека работел.

Според соопштението од СВР Скопје, Н.Р. (58) од Скопје, кој е вработен како возач во ЈСП, пријавил дека инцидентот се случил во автобус близу автобуска постојка на територијата на општина Аеродром.

Од полицијата информираат дека се преземаат сите потребни мерки за расчистување на настанот и утврдување на сите околности околу нападот.