– Првично, група луѓе ја оштетиле фасадата на зградата на Амбасадата, а потоа физички ги нападнале белоруските дипломати кои пристигнале на местото на инцидентот. Еден од дипломатите е тешко повреден и му била потребна итна медицинска помош. Констатирана е скршеница на носот, лесен потрес на мозокот и скршен заб, се наведува во соопштението.

Некои од напаѓачите биле приведени од лондонската полиција кога се обиделе да побегнат од местото на нападот. Осомничените наводно се дел од група белоруски имигранти во Велика Британија.

Минск го повика времениот шеф на британската амбасада во Белорусија и побара темелна истрага за нападот.