Увидот за сообраќајната несреќа во која загинаа 12 луѓе на автопатот кај Брезница, Хрватска, утврди дека возачот изгубил контрола над воланот, а за да се утврдат причините за несреќата, наредена е обдукција на жртвите и вештачење за интоксикација на возачот.
Несреќата се случи утрото околу 5.25 часот на автопатот Горичан-Загреб.
Според досега собраните податоци, сообраќајната несреќа се случила кога возачот на автобусот регистриран во Полска, изгубил контрола над воланот на возилото, кое свртело надесно, ја пробило заштитната ограда и слетало надвор од автопатот.
Хрватскиот министер за внатрешни работи и началник на штабот за цивилна заштита Давор Божиновиќ потврди дека истрагата на местото на несреќата е завршена.
Во автобусот имало 42 патници и 2 возачи, кои тргнале на аџилак во Меѓугорје.