За ова одбраната на познатиот бизнисмен веќе ги известил и сите дипломатски претставништва во земјава.
За одбраната на Камчев овој извештај на Народниот правобранител значат само потврда на нивното тврдење дека притворот на нивниот клиент се спроведува во нехумани услови и тортура. За другите пропусти, велат адвокатите на Камчев, притворот без доказ, немањето белешка и докази од АНБ, за всушност неговото киднапирање – ќе се докажува по институционален пат.
Извори од Комитетот за заштита од тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување во Стразбур, на кои им е презентиран извештајот добиен од Народниот правобранител, биле шокирани од заклучоците на правобранителството.