Населението на Германија се зголеми за околу 300.000 луѓе во 2023 година во услови на прилив на имигранти во земјата. Ова го посочуваат ажурираните проценки на федералниот завод за статистика „Дестатис“, објавени денеска и цитирани од ДПА.
Германија е земја со најголемо население во Европската Унија. На крајот на минатата година тоа изнесуваше околу 84,7 милиони луѓе.
Без имигрантите кои пристигнуваат во државата, населението би се намалувало секоја година, истакнува „Дестатис“.
Нето имиграцијата во Германија, која ја претставува разликата меѓу бројот на имигранти кои пристигнуваат и заминуваат од земјата, е меѓу 680.000 и 710.000 луѓе во 2023 година, според проценките на „Дестатис“. Таа се намалува во однос на претходната 2022 година, кога изнесуваше 1,46 милиони луѓе.