Реконструкцијата на патот чини 36 милиони денари од буџетот на државата, а ширината на патот сега изнесува 6 метри според сите стандарди за оваа категорија патишта.
– Ова е особено важно и за развојот на зимскиот туризам дополнително и заради фактот што Јавното претпријатие „Стрежево“ одговара на барањата на љубителите на зимските спортови овозможи и ноќно скијање на своите терени, истакна Заев, кој денеска беше на увидот на реконструираниот регионален пат.
Тој додаде дека Подпелистерскиот туристички центар бележи силен напредок во селскиот туризам, кој, како што рече, станува сé поатрактивен за голем број странски туристи и тоа е потенцијал кој носи и сериозни придобивки за локалното население и за локалната економија
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска на увидот на патот посочи дека развојот и унапредување на патната мрежа е приоритет, за што се планирани инвестиции од преку една милијарда евра заради забрзан економски развој на државата и општините, особено во оние каде што туризмот е од особено значење за развој на локалната економија.
– Уверуваме дека поддршката продолжува во континуитет и заеднички со локалната власт ќе реализираме проекти за развој на Битола и цела Пелагонија. Ова го зборувам од причина што огромен број на средства алоцираме за развој на регионот. Се работи на проекти во патната мрежа, во комуналната инфраструктура, во гасификацијата, нагласи Бочварски.
Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска на увидот информираше дека со реконструкцијата на патниот правец кон Нижеполе, паралелно се врши и реконструкцијата и на патниот правец Трново-Магарево и се постави канализациска мрежа и пречистителна станица.
– Со ова се затвора една успешна приказна на развој на туризмот во Потпелистериоето, овозможувајќи им на жителите на овие села, но пред се на туристите и посетителите, поквалитетна животна средина и хигиенски третман на околината, без испуштање на отпадните води во околните реки, додаде Петровска.