НАТО ќе го зголеми своето присуство околу границите на Шведска на Балтичкото Море додека се обработува потенцијалното барање на земјата за членство во Алијансата, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за шведската телевизија СВТ.

-Од потенцијалниот момент кога Шведска ќе поднесе барање за членство и кога НАТО ќе каже дека сака да го прифати, постои многу силна посветеност од НАТО да ја гарантира безбедноста на Шведска, рече Столтенберг.

Москва ги предупреди Шведска и Финска за „сериозни последици“ и рече дека може да распореди нуклеарно оружје и хиперсонични ракети во нејзината енклава Калининград доколку двете земји станат членки на НАТО.