Според пишувањето на норвешките медиуми Пал Андре Холме кој се „прослави“ со решителното инсистирање за тоа дека вакцината на Астразенека/Оксфорд предизвикува опасни крвни згрутчувања „заборавил“ во научното истражување кое го потпишува да пријави дека во последните пет години од компаниите Фајзер и Бајонтек примил повеќе од милион норвешки круни.
Во насловот на текстот „Норвешките истражувачи кои стојат за извештајот за ,Астразенека’ имале врски со конкуренцијата“, кој го објави норвешкиот портал Омни пред три дена, се наведува дека неколку истражувачи кои стојат зад норвешкиот извештај за несаканите ефекти на вакцината на Астразенека против ковид-19 имаат финансиски врски со конкурентски фармацевтски компании.
Групата ја предводел Пал Андре Холме, професор на Универзитетската болница во Осло, кој во изминатите пет години примил над милион круни од Фајзер и Бајонтек, компаниите кои исто така имаат вакцина против ковид-19. Уште три истражувачи имале слични врски.
Сепак, тие негираат дека тоа има каква било врска со извештајот за згрутчување на крвта претставен во Њу Ингланд џурнал од медисин, но истовремено признаваат дека требало да бидат потранспарентни во врска со приходите.
https://t.co/Tz1i4w7JwE
"Gruppen har letts av Pål André Holme, professor på Oslo universitetssjukhus, som under de senaste fem åren tagit emot över en miljon kronor från Pfizer och Bayer som båda arbetar med vaccinutveckling. Även tre andra forskare…"— StinaF 👊❤👊 (@bladpersilja00) April 18, 2021