Наумоски истакна дека за првпат во Волково се гради градинка, дека е изградена нова училишна спортска сала во ОУ Јоаким Крчовски, дека Ѓорче Петров добива затворен базен, прва скопска општина која воведе ново економично смарт ЛЕД осветлување и нов јавен простор Корзо, а на местото на дотраената барака на амбулантата во Дексион се поставува нов објект.

– Посветено за Ѓорче не е само обичен слоган, тоа е суштината на нашето дејствување во овие четири години,порача Наумоски.