Македонија гори. Има активни пожари во Овчеполието кај селата Ѓуѓанци, Ерџелија, Стројманци, Ранчинци и Макреш. Активни се и пожарите во светиниколските села Орел, Малино и Немањици. Од момент во момент ситуацијата се менува, пожарите постојано зафаќаат нови подрачја.
Хеликоптери и „ертрактори“ од Србија, Чешка и Германија ќе помагаат во гаснењето на пожарите. Армијата е на терен, доброволци, локални жители и многу други. Навивачката група Комити соопшти дека ќе помогне во Свети Николе.
Во 17:30ч. ќе се упатиме сите заедно кон Свети Николе, каде што во моментов пожарот уништува цели животи на луѓе, информираат тие и додаваат дека кој не може да дојде на терен доволно е да помогне со донација на опрема.
Собирот е со автомобили во 17 часот кај „Шарлота“. Доброволците задолжително треба да носат: Чизми, маски за лице и капа, Долги пантолони (не памучни), Шишиња со вода, Лопати и гребла, Мокри кебиња за безбедност.
Тие побараа да се донесат прскалки, лопати и гребла. а повеќе може да се погледне од објавата во продолжение:
View this post on Instagram