Случај за време на дуел меѓу МЗТ Скопје и ИБА
Во СВР Скопје на 03.05.2026 година во 14:15 часот било пријавено дека во Спортскиот центар „Јане Сандански“, за време на кошаркарски натпревар меѓу КК МЗТ Скопје и КК ИБА од Скопје, евидентиран е прекршок по член 3 од Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари.
Според пријавата, С.Л. се однесувал агресивно и упатувал навреди кон судиите. По налог на делегатот, редарската служба интервенирала за негово отстранување од салата.
Обид за напад при отстранување
При излегување од спортскиот објект, С.Л. продолжил со агресивно однесување и кон делегатот на натпреварот.
Во еден момент, како што е наведено во пријавата, се обидел и физички да го нападне делегатот, но бил спречен од редарската служба.
Од надлежните информираат дека се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
