Постојат три причини зошто кај одредени држави има скепса, покрај општото расположение во нивните општества против проширувањето, изјави потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски во вестите на Сител.
Првото е високиот степен на корупција, второто е немањето на фунционален систем на владеење на правото и третото во делот на безбедностите реформи, односно нивната имплементација . Ова се трите причини зошто имаат скепса и на ова секако се додава неповолната економска ситуација, затоа што да бидеме реални ЕУ е клуб на богати и причината зошто имаат скепска кон проширувањето е затоа што примија сиромашни држави и не знаат што да прават и не сакаат дополнително да примаат сиромашни држави, изјави Николоски.
Ако оваа влада на Зоран Заев ги исполнеше работите што сама ги ветуваше, во дел на борба против корупција, реформа на јавна администација, јас сум убеден дека вето од Бугарија немаше да има, дециден е тој