Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против 24-годишен маж од Волково, осомничен за извршување други полови дејствија врз девојче родено во 2020 година. Делото е казниво според член 188 став 5 од Кривичниот законик.
Според обвинителството, осомничениот повеќепати извршил полови дејствија кои не се состојат во вагинална, анална или орална пенетрација, врз детето со кое е во роднинска врска. Ги користел моментите кога девојчето престојувало во неговиот дом, а подоцна ѝ се заканувал да не му каже на таткото, наведувајќи дека ќе ја караат и ќе ја тепаат.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор, поради опасност од нов контакт со жртвата и потребата за нејзина заштита. Дополнително биле ценети околностите што укажуваат на можност од бегство и влијание врз постапката.
Судот ја прифати аргументацијата и му определи притвор во траење од 30 дена.