Пад на прометот, но потрешени 37% повеќе од претходниот петок
И покрај вчерашниот пад на прометот кај маркетите, сепак граѓаните потрошиле повеќе од претходниот петок. Според податоците на Управата за јавни приходи (УЈП), прометот во осум поголеми синџири на маркети во земјава е намален за 22,12% за време на вчерашниот бојкот.
Во четврток, 06.02.2025 година, до полноќ, во GPRS системот на УЈП беше регистриран вкупен промет од 232.791.773 денари, при што беа издадени 417.866 фискални сметки.
На денот на бојкотот, 07.02.2025 година, до полноќ, регистрираниот вкупен промет изнесувал 181.288.348 денари, а бројот на издадени фискални сметки бил 346.317.
„Во овој анализиран период, кај осумте поголеми синџири на маркети забележавме пад на вкупниот промет од 22,12%“, изјавија од УЈП.
Зголемен промет во однос на претходниот петок
Сепак, во споредба со прометот од претходниот петок, податоците покажуваат зголемување на потрошувачката активност. Според УЈП, прометот е зголемен за речиси 37%.
На 31.01.2025 година, вкупниот промет бил 114.293.367 денари. Вчерашниот промет бил поголем за 36,95% во однос на истиот ден претходната недела.
„При споредбата на прометот на крајот на месецот, конкретно помеѓу 31.01 и 07.02.2025 година, треба да се земат предвид различни фактори кои влијаат на навиките на потрошувачите. Еден од тие фактори е дека многу граѓани примаат плати и пензии на почетокот на месецот, што доведува до промени во нивното куповно однесување“, истакнаа од УЈП.
Резултати од претходниот бојкот
Претходниот бојкот на маркетите, кој се одржа на 31 јануари 2025 година, резултираше со значително поголемо намалување на прометот, достигнувајќи 47%.
Повеќе од претходниот петок: Поделени мислења за бојкотот
Сепак, граѓаните со поделени мислења за бојкотот на маркетите. Дел од нив го оценуваат како успешна мерка за трговците да ја намалат цената, други пак скетпични. Повеќе може да погледнете од веста во продолжение:
Клучно прашање: Дали навистина нема да има поскапување, или ќе се покаже спротивното? Следниот период ќе даде одговор.