Премиерот Зоран Заев очекува оваа недела во Собранието да бидат донесени законите од петтиот пакет економски мерки.

Тој денеска уште еднаш повтори дека ќе се најде решение за законот за државјанство и апелира секој да ја исполни сопствената одговорност.

-Очекувам оваа недела ако може да се заврши. Повторно ја испраќам пораката сите да го завршиме својот дел од одговорноста пред нашите граѓани и да не ги залекуваме било кои суети ставови на грбот и на штета на граѓаните. Изразивме јасни ставови на работната средба со претставниците на Алијанса на Албанците и Алтернатива. Го видоа нашиот дух и спремност дека овој закон ќе го поддржиме, решението ќе го изнајдеме во тој дел како е тоа најдобро прифатливо за да се реши статусот и да добијат државјнаство граѓаните кои немаат. Затоа апелирам да се ослободат ден порано законите зашто не правиме никому добро, а останува целосната наша посветеност за изнаоѓање трајно решение за добивање државјанство, рече Заев, одговорајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција по најавата на новите рестриктивни мерки.