Правната сигурност, уредната документација и стручната процена се главните предуслови недвижностите со неискористен потенцијал повторно да станат дел од економските текови. Нивното активирање отвора простор за привлекување свеж капитал и создавање нови работни места, посочува директорот за правни работи и усогласеност во ЕОС Матрих, Влатко Водасов.
Во процесот на управување со побарувања, недвижните имоти сѐ почесто добиваат нова економска функција преку дејствување на специјализирани компании кои го водат нивниот развој. Нивното враќање на пазарот директно генерира приходи и придонесува за локалниот економски раст, што претставува најзначајна вредност кај ваквите објекти погодни за дополнителна намена или трансформација.
Инвеститорите при планирањето на вложувањата сѐ помалку се водат исклучиво од цената и локацијата, а значително повеќе внимание посветуваат на идната намена, можностите за пренамена и долгорочната финансиска исплатливост на проектот.
Компанијата ЕОС Матрих преку своето портфолио континуирано управува со обезбедени побарувања, продажба и активирање на недвижности со хетероген развоен потенцијал, соочувајќи се на терен со голем број пасивни имоти.
Водасов укажува дека улогата на стручната експертиза е клучна токму во моментите кога одреден простор ќе остане замрзнат надвор од економските движења и ќе престане да носи вредност, каде основната цел е негова целосна ревитализација.
„Најуспешните инвестиции често започнуваат таму каде што другите гледаат неискористен простор. Пазарот на недвижности претставува динамична средина во која различни инвеститори препознаваат различни можности, но секое успешно вложување започнува со темелна анализа на потенцијалот, ризиците и перспективите за идниот развој на недвижноста, а особено многу внимание се посветува на уредни имотно – правни односи за недвижноста. Ние обезбедуваме правна сигурност и транспарентност во процесот, и помагаме недвижностите повторно да добијат економска функција. Се отвораат можности за нови инвестиции, деловна активност и нови работни места, што носи придобивки и за инвеститорите и за локалната заедница“, вели Водасов.
Суштината на процесот лежи во моментот кога имотот повторно добива функционалност, поддржан од целосна транспарентност при продажбата, чиста сопственичка документација и јасна развојна компонента, што овозможува сигурност за вложувачите.
„Токму кај ваквите недвижности најдобро се гледа значењето на стручната процена. Зад секој објект стојат правни, технички и финансиски аспекти кои треба внимателно да се анализираат. Специјализираното знаење и професионалното советување им помагаат на инвеститорите реално да ги согледаат можностите, но и потенцијалните ризици поврзани со инвестицијата“, истакна Водасов.
Трансформацијата на неискористен објект во исплатлив проект наложува сериозна финансиска рамка, што е од особено значење при зафати како реконструкции, доградби или целосно пренаменување на просторот.
„Вистинската можност се препознава преку односот меѓу ризиците, потребните вложувања и потенцијалот за создавање нова вредност. Успешните инвестиции се резултат на добра подготовка, реални очекувања и јасно дефинирани цели. Значајна поддршка за овие проекти претставува можноста за bridge loans решенијата, кои им овозможуваат на инвеститорите поголема финансиска флексибилност и побрза реализација на проектите“, посочи Водасов.
Инвестициските трендови сѐ повеќе наметнуваат потреба од партнери подготвени да понудат експертиза низ секоја етапа на проектот, со што правната сигурност и прецизното мапирање на ризиците стануваат основни столбови на секоја одлука.
„Секоја недвижност носи сопствен потенцијал. Нашата улога е да помогнеме тој потенцијал да биде правилно препознаен и развиен. Кога еден простор повторно станува дел од економските текови, не се создава вредност само за инвеститорот, туку и за локалната заедница, деловното опкружување и економијата во целина“, порача Водасов.
