Нејмар испрати емотивна порака до Лионел Меси пред неговиот последен натпревар за Аргентина, истакнувајќи дека благодарноста одамна ги надминала границите на неговата татковина.
Бразилецот му порача на својот долгогодишен соиграч дека фудбалскиот свет уживал во неговата игра сите изминати години и дека му претставувало огромна чест што играл против него, но уште поголема што испишувал историја заедно со него.
„Секој што го сака фудбалот уживаше во тебе сите овие години. Денес е твојот последен натпревар во дресот на твојата репрезентација, на твојата земја. Се надевам дека ќе уживаш во секоја секунда и дека сите почести што ќе ги добиеш ќе те направат среќен“, напиша Нејмар.
Најсилната порака бразилскиот фудбалер ја упати на самиот крај од збогувањето со својот поранешен клубски партнер.
„Не ти благодари само Аргентина, ти благодари целиот свет за сè што направи за фудбалот“, порача Нејмар.
