На 20.01.2022 година во 20.15 часот пријавено е дека во село Смојмирово, беровско во семејна куќа сопственост на Б.Г. (73), настанал пожар, кој според пријавеното настанал од апарат за домаќинство на плин. Извршен е увид.

На 21.01.2022 во 22.00 часот пријавено е дека во Скопје на ул.„Македонско Косовска бригада“ настанал пожар во објект сопственост на И.Л. (50) од Скопје, а даден на користење како столарска работилница на Р.Р. (42) од Скопје. Увид ќе се врши во текот на 22.01.2022 година.

На 22.01.2022 година на ул.“Хаџи Косте“ во Велес, околу 03.15 часот настанал пожар на патничко моторно возило “сеат ибица“, со битолски регистарски таблички сопственост на Т.П. (47) од Битола, а оставено на поправка кај лицето А.М. (41) од Велес. Увид е извршен.

На 22.01.2022 година во 05.00 часот во Скопје, пријавено е дека на ул.„Максут Садик“, на паркинг-простор настанал пожар во возило „голф-5“, сопственост на Ф.М.(31) од Скопје. Извршен е увид.