Неколку лица се повредени за време на пукање денеска наутро во гимназијата „Тимбервју“, во градот Арлингтон, во американската сојузна држава Тексас, соопшти полицијата, пренесоа американските медиуми.

Училишниот округ „Менсфилд ИСД“ во писмо до родителите потврди дека полицијата истражува активен напад во средното училиште. Во писмото се додава дека учениците и вработените се затворени во своите училници и канцеларии и дека во него не е дозволен влез за посетители, јави NBC DFW.

Телевизијата „ФОКС 4“ наведува дека извор близок до полицијата изјавил дека во нападот се застрелани три лица, но дека никој не е убиен.

Се претпоставува дека вооруженото лице се уште е во училишниот круг, но полицијата соопшти дека напаѓачот е во бегство.

Во училишниот двор биле испратени неколку полициски екипи.

Еј -Би -Си Нуз пишува дека „Менсфилд ИСД“ соопшти дека ситуацијата во моментов е „под контрола“ и дека учениците се одведени во друга зграда за да бидат во контакт со нивните семејства.

Телевизијата додава дека непознат напаѓач застрелал неколку луѓе пред да побегне од местото на настанот и дека засега не е познат бројот на ранетите.