Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 23.02.2022 година ( среда ) поради уличен дефект на цевка од ф – 80 мм на ул. Киро Крстевски бр.24, во периодот од 09.00 часот па се до санирање на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Киро Крстевски, Вера Јоциќ, Иван Козаров, Божидар Аџија, Георги Димитров, Боте Боцевски и Тоне Томшиќ. ( општина Кисела Вода )