Во ЈП Дрисла се трошело како да нема утре, директорот трошел како да се спремал дека ќе ја напушти функцијата бидејќи и од најголеми ставки до најситни ставки разликите на сумите се фрапантни. Целокупното работење на претпријатието треба да биде анализирано и ставено на предмет на ревизија за да не се дозволи повеќе да има фрапантни расходи во трошоците, изјави советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, Владимир Нелоски.
Нелоски во своето обраќање на денешната седница на Советот ги соопшти огромните разлики во трошоците и неразумното трошење на ЈП Дрисла.
– Само за потрошен материјал за одржување за 2020 година потрошиле 3,4 милиони денари, додека во 2021 потрошиле 6,4 милиони денари. Трошоци а резервни делови материјали гуми сумата се зголемила 3 пати, трошоците за ситен инвентар се зголемиле околу 2,5 пати, од 14, на 3,5 милиони денари. Одржувањето на веб страната има зголемување за 6 пати за одржување, за тековно одржување на објект двојно повеќе поголеми трошоци. Трошоци за софтверот е зголемен 3 пати, додека пак хардверот само 20% повеќе во однос на 2020 година., рече Нелоски.
Тој посочи дека за Да се продолжат недоследностите ова претпријатие за трошоци за интелектуални услуги има потрошено двојно повеќе од планираното, а за правни адвокатски и нотарски услуги, исто така двојно повеќе а повисоки се и судските трошоци.
– Кога сме кај вработувањата во ова претпријатие се драстично зголемени, а само по основ на бруто плати споредено со минатата година потрошени се повеќе 5 милиони денари, а трошоците за привремени вработувања се зголемиле од 4,8 на 6,4 милиони денари, изјави Нелоски.