По донесената одлука на Уставен за укинување на балансерот министерот за јавна администрација Горан Минчев најави дека ќе почекаат таа во целост да биде објавена во службен весник, по што Министерството ќе излезе со конкретни инструкции и насоки до државните институции. Тврди дека ниту еден вработен нема да остане без работа, но дека некомпетентните кадри ќе бидат пратени на преедукации и ќе бидат прераспределни на содветни работни позиции.

„Ние не можеме да се доведеме до ситуација некој да седи во јавна администрација, да зема плата, а не ги исполнува своите работни задачи зашто тоа пак предизвикува револт кај тие што работат деноноќно, ги извршуваат сите работи, а земаат иста плата со овие коишто не ги исполнуваат своите работни задачи. За таа цел, важно е формирањето на т.н. академија за обука, едукација на јавната администрација која би помогнала во овој процес на внатрешна реедукација“, изјави Минчев.