Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, упати јавна реакција до советниците од политичките партии ДУИ и Влен во општинскиот совет. Тој посочи дека нивното однесување на седницата претставува обид за манипулација откако не им биле исполнети урбанистичките барања.
Костовски во своето обраќање директно ги лоцираше причините за несогласувањата во советот, нагласувајќи дека зад националистичката реторика всушност стојат бизнис интереси за добивање градежни дозволи кои биле одбиени од страна на локалната власт.
„Еднаш ќе отсуствувам од седница на совет и некои добиле храброст, целосно се изгубиле. Не се кријте зад лажен национализам, кога вистинската причина е тоа што баравте маркици за згради кои не ви ги дадов“, вели Костовски.
Тој исто така потенцираше дека општината нема да отстапи од зацртаниот курс на водење на урбанизмот и јавната безбедност во населените места.
„Лупање, тропање, кримоси и бандити се минато во општина Бутел. Развој, зеленило и безбедна општина Бутел се нашите приоритети!“, порача Костовски.
