Продолжува потрагата по двегодишната Данка Илиќ, која исчезна пред осум дена во Бањско поле кај Бор. Истрагата е проширена на целата територија на Србија а во потрагата се вклучи и австриската полиција, откако се појави видео според кое, две годишното девојче би можело да е Виена.
Од српската полиција велат дека се додека не бидат пронајдени докази, сите се осомничени во случајот. Се прегледуваат и граничните премини и патиштата кои водат до нив за да се елиминира секоја можност дека двегодишното девојче веќе е надвор од земјата, а не се исклучува опцијата да е жртва на трговија со луѓе.
„Ги проверуваме сите можни факти и околности. Се проверуваат сите лица кои на каков било начин се поврзани со настанот. Секое лице кое поминало во која било насока и кое можело да се поврзе, во зависност од околностите, дали биле таму некаде во непосредна близина во моментот на исчезнувањето на девојчето, се доведува во полиција, се врши разговор, а елиминацијата ќе продолжи, се разбира, кога ќе го добиеме несомнениот факт дека некој не може да биде поврзан со извршување на некое дело.“ – изјави мајор Бојана Отовиќ Пјановиќ.
Во изминативе денови, регионот постојано го надлетуваа хеликоптери на полицијата. Специјални екипи ја пребаруваат околината на куќата, подземните тунели и канали, со кучиња трагачи секојднево се прегледува и околната шума но досега српската полиција не успеа да пронајде никаков доказ дека двегодишната Данка Илиќ била таму.
Извор: ТВ24