Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, е категоричен дека меѓу „кралевите“ нема привилегирани играчи и дека секој фудбалер мора лично да го заработи своето право да биде стартер во составот. Оваа изјава дојде во врска со претстојното враќање на Винисиус, кој ги пропушти последните четири натпревари на тимот пред паузата за репрезентативните настапи.
„Стартер, резерва, на трибините… не е важно. Тука нема привилегирани играчи кои мора да играат по секоја цена. Сите работат за тимот“, рече Мурињо.
Португалскиот стратег на прес-конференцијата пред натпреварот против Селта коментираше и за потенцијалното заминување на Ендрик за време на јануарскиот преоден рок.
„Многу го ценам и моите претпоставени знаат дека ми е важен, но Реал Мадрид е поважен од него. Веќе добивте одговор, како и оние што пишуваат за тоа и агентите што испраќаат работи“, вели Мурињо.
Тренерот на „кралскиот клуб“ беше краток и во однос на шпекулациите за 16-годишниот талент од Англија.
„Не знам ништо… ништо. Имам однос со играчите со кои работам тука. Не со оние кои не се дел од тимот“, беше лаконски Мурињо.
Оваа негова реакција се однесуваше на гласините за младиот играч Џеј-Џеј Габриел, кој според медиумите е блиску до потпишување со Реал Мадрид откако се збогува со Манчестер Јунајтед.
