Имено, еден шведски новинар го праша Дамијан дали користел кокаин на Евровизија, објави „Њујорк тајмс“. Одговорот на Дамијан беше дека тој не користи дрога, а сега и групата „Манескин“ се огласи по овој повод на својот официјален профил на Инстаграм.

– Навистина сме шокирани што некои луѓе велат дека Дамијан користел дрога. Ние сме против дрога и никогаш не сме користеле кокаин. Подготвени сме да се тестираме затоа што нема што да криеме. Тука сме да ја претставиме нашата музика и многу сме среќни за нашата победа на Евровизија и сакаме да им се заблагодариме на сите за поддршката. Рокенролот никогаш не умира. Ве сакаме, стои во соопштението на групата „Манескин“.

За потсетување, гласовите на публиката синоќа одлучија Италија да победи на Евровизија.