Навистина, ИФИМЕС беше ангажиран како реномиран институт за советодавни услуги врз основа на анализите за политиките за превентивната дипломатија и градење мерки на доверба на регионално и глобално ниво, но нивниот договор со Владата на Република Македонија заврши во 2019 година. Веќе две години овој институт нема никаков ангажман поврзан со работата на Владата, ниту било каков правно обврзувачки обврски со Владата и со Канцеларијата на претседателот на Владата. ИФИМЕС и пред 2019 година никогаш не бил ангажиран за анализи поврзани со односите меѓу Македонија и Бугарија.

Владата на Република Македонија и понатаму останува посветена и отворена за интензивни разговори и за пријателски дијалог за што побргу да дојдеме до решенија кои ќе поттикнат унапредување на односите меѓу Македонија и Бугарија и низ заедничките основи да ја градиме нашата заедничка иднина во ЕУ. Очекуваме и иницираме пријателските манири и односи да се интензивираат од двете страни за да можеме час поскоро со Бугарија да кажеме дека „најдовме решение во кое нема поразени“ и што поскоро заедно да се справуваме со предизвиците кои ги носи новото време.