Откривање на скандалот: Бојан Христовски, жртва на политички прогон

Пет години по откривањето на скандал кој му ја загрози кариерата, Бојан Христовски денеска е назначен за директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Новинарот Љупчо Златев прв го откри обидот за политичка пресметка со Христовски преку објавување на класифицирани документи на lider.mk.

📑 Според Златев, документите покажале дека тогашниот директор и еден началник на АНБ, Викторио Димовски и Јовче Ременски, преку политичка монтажа и и фалсификат се обиделе да му ја уништат кариерата на младиот експерт за антитероризам. Христовски бил цел на напади поради неговите квалитети и тоа што не припаѓал на нивниот партиски круг.

„Објавив само поради внатрешниот порив за правда,“ изјави Златев, кој набргу по објавувањето се соочи со обвинение од обвинителството кое му се закануваше со затворска казна од 5 до 10 години.

Притисоци и понуди за соработка

Кратко по објавувањето на документите, Златев добл обвинение од страна на обвинителството, кое поради објавената информација барало од новинарот да лежи помеѓу 5 и 10 години затвор.

Набрзо потоа, со изненадување го добив обвинението од обвинителството, кое побара казна затвор од 5 до 10 години заради објавената информација. Ова беше тешко за целото мое семејство, бидејќи не можевме да веруваме дека некој може да биде суден поради откривање злоупотреба. Добро се сеќавам на загриженоста на мојот татко, кој токму тогаш доби дијагноза за канцер. Така започна судската битка која трае веќе четири и пол години.

⚠️ Златев добил понуда да ја признае вината и да соработува од кругови блиски до поранешниот премиер Заев, за што ќе добие условна казна и ќе избегне затвор. Но, тој одбил да прифати таква спогодба, одлучувајќи да ја продолжи својата борба за правдата.

„Не прифатив, реков дека нема да признаам вина затоа што сум информирал за нанесена неправда. Плус, не сакав да работам за таква штетна власт,“ објасни Златев, кој додаде дека не сака да работи за ниедна власт, и покрај големите суми на пари што му биле понудени.

Во текот на овие четири и пол години судска битка, животот на Златев претрпел многу промени. Лидер се развил во радио станица, тој се оженил, станал татко, но и го загубил својот татко кој се борел со канцер.

Космичка правда: Христовски станува директор на АНБ

📊 Во пресврт што Златев го нарекува „космичка правда“, денеска Бојан Христовски е назначен за директор на АНБ – истата институција која, според документите, некогаш се обидела да му ја уништи кариерата. За Златев, ова е симболична победа на правдата.

„Му посакувам многу среќа и успеси во неговата работа. Но, го предупредувам да внимава што прави на оваа моќна позиција и да не ги повтори грешките на неговите претходници,“ порача Златев, алудирајќи на поранешните директори Сашо Мијалков и Викторио Димовски.

Златев исто така истакна дека иако станал пријател со Христовски во текот на овој процес, не му открил од каде ги добил класифицираните документи, бидејќи неговата цел била да ја објави неправдата, а не да се поврзува лично со случајот.

ПРОЧИТАЈТЕ ГО ЦЕЛИОТ ФЕЈСБУК СТАТУС НА НОВИНАРОТ ЉУПЧЕ ЗЛАТЕВ