Околу 1.000 голи луѓе рано утринава позираа на улиците и на брегот на финскиот град Куопио на покана на американскиот уметнички фотограф Спенсер Туник.

„Денеска земјата на илјада езера стана земја на илјада голи“, изјави за АФП Туник, познат по фотографиите на голи луѓе.

Учесниците прво позираа на улица, околу цветни инсталации, потоа на плажа и во вода.

„Сакав да го ставам моето тело во склад со езерата во северна Финска“, изјавил уметникот кој им се заблагодарил на волонтерите кои беа подготвени да се соблечат голи.

Туник привлече околу 2.500 луѓе на плажа во Сиднеј во ноември како дел од уметничката инсталација за кампања против рак на кожата.

За него, во 2010 година, околу 5.000 голи луѓе позираа пред операта во Сиднеј и 18.000 луѓе на централниот плоштад во Мексико Сити во 2007 година.