Според тутунарите, тоа се должи на несигурниот откуп и намалените откупни цени, а лани и годинава во неколку наврати тутунопроизводителите протестираа незадоволни од проценката на тутунот.
– Покрај тоа, има и недоверба од тутунарите при склучувањето на договорите, бидејќи сакаа да произведат повеќе, а некои не успеаја навреме да произведат расад. Според моите сознанија, на површините на кои ќе нема тутун, земјоделците насадија полјоделски и градинарски култури, рече Марјан Трајков, претседател на Здружението „Басмак“ од село Василево.
Според него, ланската реколта била откупена по просечна цена од околу 170 денари за килограм, што е помалку од преклани.
И лани за околу 20 отсто беа намалени површините засеани со тутун во Струмичко во споредба со 2019 година. Годинава оваа култура е засеана на помалку од 1000 хектари, што во споредба од пред две години е намалување за повеќе од над 200 хектари.