Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека светот мора да се обедини за да го порази Хамас, како што претходно се обедини за да ги победи терористите на Исламската држава (ИД) или нацистите, пренесува Гардијан.

Во своето обраќање пред Кнесетот, Нетанјаху истакна дека израелскиот народ е обединет во својата цел да победи. Тој рече дека ќе има истрага за разузнавачките и безбедносните неуспеси што им дозволија на палестинските милитанти на Хамас да извршат таков разорен напад на 7 октомври, при што беа убиени повеќе од 1.300 луѓе и ранети речиси 4.000, додека киднапирани се околу 200 заложници.

Во говорот во израелскиот Кнесет тој нагласи дека светот мора да се обедини за да го порази Хамас.

„Оваа војна е и ваша војна“, нагласи израелскиот премиер. Тој рече дека сега многумина ширум светот разбираат со што се соочува Израел.

„Тие разбираат дека Хамас претставува нова верзија на нацизмот. Како што светот се обедини за да ги победи нацистите и Исламската држава, така мора да се обедини за да го порази Хамас“, рече израелскиот премиер