Зошто СДСМ се обидува да ја ревидира историјата и фашистите да ги прогласува за антифашисти засега е нејасно

Во покана за одбележување на 11 Октомври испратена од СДСМ до своите членови и функционери Бихаќка вели дека окупаторите на Македонија во втората светска војна биле антифашисти.

Во делот од поканата која ја објавуваат членови на СДСМ кој е заокружен со виолетова боја буквално пишува дека македонското народно востание било против антифашистите.

„По повод 85 години од денот на народното востание против антифашистичкиот окупатор, СДСМ ве поканува на марш во Прилеп на 10.10.2026 (сабота) во 11:30 часот“, пишува во поканата од СДСМ.

Македонија во 1941 година беше окупирана од Германија, Италија и Бугарија кои што важат за фашистички партнери на Хитлер.

Зошто СДСМ се обидува да ја ревидира историјата и фашистите да ги прогласува за антифашисти засега е нејасно.

Поканата

Извор: Експрес