Град го претвори автопатот во бела лента кај Групчин на автопатот Тетово-Скопје.

Силното невреме попладнево донесе пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од УХМР соопштија дека најизразена нестабилност има токму во овој регион, додека умерени врнежи проследени со грмежи се регистрирани и во Крива Паланка и во околината.