Времето утре ќе биде претпладне со умерена до значителна облачност, освен на запад каде ќе преовладува сончево време. Попладне облачноста ќе се намали. Вдолж Повардарието и во источните делови ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Според УХМР времето во петок ќе биде облачно, но со повремени сончеви периоди. Температурата ќе биде во интервал од -9 степени до максимални 13 степени.

Во сабота ќе имаме нови врнежи од снег, а температурата ќе се движи од минимални -6 степени, до максимални 7 степени.

Во недела времето ќе биде облачно, со повремени сончеви периоди, а минималната температура ќе биде -9 степени, додека максималната 10 степени.