Поранешниот светски првак во Формула 1, Нико Розберг, се заложи за промени во натпреварувањето, по бројните контроверзи за време на трките сезонава во борбата за шампионската титула.
Шампионот во Формула 1 сезонава беше одлучен во последната трка во Абу Даби, кога возачот на Ред Бул, Макс Верстапен ја освои титулата, откако во последниот круг го мина Луис Хамилтон по контроверзна одлука на организаторите на трката.
Светскиот првак од 2016 година посочи оти претседателот на Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) Мохамед Бен Сулајем и неговиот тим сега имаат можност да воведат промени.
– Спортот мора да напредува. ФИА мора да ги заостри правилата, за да немаме бескрајни дискусии во иднина и толкувања а правилата. Мораме да се ослободиме сите вакви дискусии во иднина и тоа е важно, изјави Розберг за британските медиуми.