Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на церемонијата по повод 80-годишнината од Холокаустот. Настанот се одржа во Меморијалниот центар во Скопје.

Во својот говор, Мицкоски изрази почит, тага и надеж, сеќавајќи се на страшните жртви од Втората светска војна и трагедијата која не ја одмина ни Македонија.

Над 7.000 македонски Евреи беа депортирани во логорот Треблинка, а нивниот живот, историја и култура беа насилно прекинати. Но, историјата не е само спомен, таа е лекција“, истакна премиерот.

Тој додаде дека нашата обврска е да ја зачуваме вистината и да се спротивставиме на заборавот.

„Нашата цел е да изградиме општество засновано на толеранција, правда и меѓусебно почитување,“ додаде тој.

Рашела Мизрахи се обрати по повод 80-годишната од Холокаустот
Рашела Мизрахи се обрати по повод 80-годишната од Холокаустот

Мицкоски истакна дека фразата „Никогаш повеќе“ не е само симбол, туку и залог за иднината, за да се осигура дека трагедијата на Холокаустот никогаш нема да се повтори.

Нека споменот на жртвите биде вечен“, порача премиерот обраќајќи се до присутните во Меморијалниот центар по повод 80-годишнината од Холокаустот.

„Никогаш повеќе“ не е само фраза, тоа е залог - Премиерот Мицкоски се обрати на церемонијата по повод 80-годишнината од Холокаустот
„Никогаш повеќе“ не е само фраза, тоа е залог – Премиерот Мицкоски се обрати на церемонијата по повод 80-годишнината од Холокаустот

Одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот: Муцунски оддаде почит кон жртвите

Извор: Објава на премиерот Мицкоски