Министерот Николоски, заедно со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката, Марјан Стефановски, го означија почетокот на изградба на нова станбена зграда што се реализира преку Акционерското друштво.
Зградата е со вкупно 65 станови, со 100 паркинг места, инвестиција од 209 милиони денари. Министерот Николоски истакна дека во Битола се случува инвестициски развој преку реализација на проекти во патната, комуналната и урбаната инфраструктура.
Со оваа инвестиција ќе го регулираме пазарот на недвижности и ќе понудиме многу реални цени на становите. Моментално цената на квадратот во Битола, Охрид, Скопје се многу високи. И со ова зграда можам да најавам дека ќе понудиме за најмалку 30 до 40 проценти пониска цена од онаа што е моментално на пазарот. Ќе ставиме крај на уцените на градежниците и ова е само почеток. Во следната година ќе го развиваме и проектот Купи куќа за млади и ушпте многу други проекти од станбената политика – истакна министерот Николоски.
Тој додаде дека е завршена реконструкцијата на 7 улици во населба Недопирливи.
Во тек е реконструкција на ул. Индустриска околу 700 илјади евра. Денеска се избира изведувач за реконструкција на водоводна и канализациона мрежа на 4 улици, ул. „11 Март“, ул. „Панде Николов“, ул. „Козара“ и ул. „Чеде Филиповски во вредност од 200 илјади евра. Сo одлука на Влада на Битола и се доделени 2,7 милиони евра за оваа година, следната ќе бидат двојно. Исто така се реконструира влезот на Битола околу 2 милиони евра, оваа комерцијална зграда која чини околу 3,5 милиони евра. И со сите овие проекти придонесуваме за економски развој на градот, стимулирање на економијата и отворање на нови работни места- потенцираше министерот Николоски.
Директорот на АД за станбен и деловен простор истакна дека зградата ќе биде завршена до август 2026 година.
За градоначалникот на општина Битола овие проеки се многу значајни за економскиот и урбан развој на општината. Тој потенцираше дека со финаниската подршка од Владата, од вкупно 15 прифатени проекти дури 13 се преку Mинистерството за транспорт